Здружението за напредно современо образование ВОЛВОКС ќе работи на подобрување на можностите и условите за ран детски развој, иновативни проекти во основното, средното и високото образование, обраозвание за европската унија, работа со надарени и талентирани деца, доживотно учење и други аспекти на образоавниот процес во Република Македонија и пошироко. Партнерството и соработката со институциите на системот, други слични организации на национално и меѓународно ниво и заинтересираната јавност се основни принципи на работа на здружението.
Волвоксот е првото колонијално животно во кое индивидуалните поединечни клетки кои се обединуваат во една топчеста структура, воспоставуваат механизми за комуникација чија цел е остварување на заедничките интереси – полесно движење во водата и освојување на поголеми простори и полесна исхрана. Со тоа и опстанокот е посигурен и овозможува развој на популацијата. Здружението за напредно современи образование е можност за реализација на сите иновативни и креативни идеи кои значат чекор напред кон заеднички поставената цел.
“ Она што го прави детето надарено и талентирано не може секогаш да бидат добри оценки на училиште, туку еден поинаков начин на гледање на светот и учење”.
“Ако детето не може да се научи на начинот на кој ние ги учиме, мора да учат на нивниот начин на кој детето може да научи”.
Следи ја нашата страна на Facebook и контактирај со нас преку телефон или емаил.
Сите права се задржани | Волвокс - Битола | © Copyright 2016