Здружение за напредно современо образование

Волвокс - Битола

<< Назад

ВАЖНОСТ НА РОДИТЕЛИТЕ ВО РАНАТА ВОЗРАСТ НА РАЗВОЈОТ НА ДЕЦАТА

14509276_10208540691088337_2113866384_n

 

Развојот на децата на биолошко ниво започнува уште со самото оплодување на јајце клетката со најбрзиот, најхрабриот и најиздржливиот сперматозоид.
Чудото наречено живот поминува низ повеќе фази на развој на ниво на размена на генетски материјал, мултиплицирање на клетките, развој на ткивата и органите.
Информациите запишани во геномот полека но сигурно во функција на времето го оформуваат новиот живот.
Растејќи во сигурна средина во мајчината утроба полека но сигурно се подготвува за надворешниот свет преку чудото наречено раѓање.
Кога зборуваме за правните аспекти, новиот живот со првите права се стекнува по навршените 3 месеци од оплодувањето кога за престанок на виталните функции треба да се донеси соодветна одлука од медицинските и судските авторитети на барање на родителите.

 

Со чинот на раѓање општеството смета дека новиот живот ги добива сите права за кои луѓето се договориле.
Кога зборуваме за емотивниот, когнитивниот, социјалниот и психичкиот развој, многу автори сметаат дека децата до навршени две години не можат да исполнуваат сложени задачи на апстрактното милење.
Ваквите ставови и тврдења се базираат на истражувањата на големите авторитети Јан Амос Коменски и Јохан Хајнрих Песталоци длабоко во минатото кои своите истражувања ги правеле на репрезентативен примерок на кој современите технички, технолошки компјутерски и информациони алатки не им биле ниту замисливи а камо ли достапни.

 

Децата на 21 век се раѓаат со генетски предиспозиции за користење на мобилни телефони, далечински управувачи за телевизори, компјутери, видео рекордери итн.
Современата технологија е достапна за нив уште со самото раѓање и токму затоа треба да ги преиспитаме наште теории за развојот на децата.
Современите истражувања покажуваат дека психичкиот и психолошкиот развој на децата започнува уште во утробата на мајката со слушање на различен интензитет и фреквенции на звуци, чувствување на светлина и темнина и чувствување до одреден степен на различните доживувања на надворешната средина.
Уште со самото раѓање мајката ја превзема главната улога на одгледување и нега на новороденото што е и нормален принцип на биолошката улога на мајката. Промената на хормоналниот систем и емотивната поврзаност на таткото со новороденото најчесто се случува по 3 месец кога новороденото ќе се „зачоечи“ ќе го зацврсти мускулниот и коскениот систем па таткото ќе се чувствува посигурен да го држи детето во своите раце.

 

Улогата на родителите во првите пет години од животот на детето се особено важни во психо – моторниот развој на детето.
Од количината на прочитани приказни, часови поминати во игра во природа, учење на нови работи и разбирање на непосредната околина на живеење зависи и развојот на емотивниот, когнитивниот и психо – социјален живот на детето сите ставени во функција на развој на животни вештини кои во прв ред имаат за цел преживување, а потоа и заземање на свое место во социјалната средина.
Најновите истражувања покажуваат дека развојот на интелигенцијата кај децата до 12 година е 80% до 20та уште останатите 20 проценти.

 

Важно е да напоменам дека има повеќе типови на интелигенција(визуелно-просторна интелигенција, вербално-лингвистичка интелигенција, логичко-математичка интелигенција, телесно-кинетичка интелигенција, музичка интелигенција, интерперсонална интелигенција, интраперсонална интелигенција, натуралистичка интелигенција, егзистенцијална интелигенција, емоционална интелигенција и социјална интелигенција).
Родителите сите типови на интелигенција подеднакво треба да ги стимулираат со цел кај децата да развијат способност за функционално мислење.
Функционалното мислење кај децата од рана возраст современата наука го поврзува со бруто домашниот производ на една земја во идните 2о години како и со перспективите за развој на земјата.
Децата кои денес имаат 5 години за 20 години ќе бидат бизнисмени, донесувачи на одлуки, директори, политичари… Од нивното функционално знаење ќе зависи квалитетот и брзината на донесување на одлуки во силно променливи услови на глобализација и меѓународна конкурентност.
Пример за функционално знаење е кога на децата ќе им поставите прашање: На кои знамиња на државите во Европа има животно?
„Процесорот“ во главата започнува да пребарува и ги исфрла податоците. Од брзината на исфрлање на податоците ќе зависи и брзината и квалитетот на одлуките и иновативните решенија.
Друго слично прашање е: Кој дел од човековото тело и кое животно ги има во македонската азбука?.
Улогата на родителите е мошне значајна во развојот на децата од најрана возраст. Тоа значи дека во урбаната трка за преживување и профит родителите кои ќе издвојат одредена количина време за своите деца ќе креираат личности со одредена конкурентска предност пред останатите.
Предноста значи и пристап до подобро платени работни места за кои со помалку труд се заработуваат повеќе пари.
Па драги мои родители размислете колкава количина време ќе одвоите за вашите деца.
Парите, скапите играчки, игротеките и носењето на различни дополнителни активности само колку децата да не се дома и да се занимаваат со нешто нема да ги направат децата посреќни и попаметни.
На децата им треба внимание, љубов, прегратки, дружење и учење преку забава и игра.