Здружение за напредно современо образование

Волвокс - Битола

<< Назад

КРЕИРАЊЕ МОЖНОСТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОБРАЗОВНИОТ СТАТУС КАЈ РОМИТЕ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

14536953_10208582017721477_658514448_o

 

Здружението за развој на ромската заедница „СУМНАЛ“ во соработка со Здружението за напредно современо образование „Волвокс“ го реализираат проектот „Креирање можности за подобрување на образовниот статус кај ромите во општина Битола“.

Општата цел на проектот е да даде придонес кон подобрување на образованието на припадниците на ромската заедница во општина Битола со фокус на полнолетните граѓани кои не го оформиле своето основно образование како основа за нивна социјална и економска интеграција.

  • Специфични цели на проектот:
    Истражување и анализа на бројноста на припадниците на ромската заедница со неоформено основно образование во општина Битола
  • Промоција на анализата на добиените резултати
  • Изработка на акционен план во соработка со општина Битола и Министерството за образование за оформување на основното образование на припадниците на ромската заедница во општина Битола.

Од досегашната работа со ромската заедница во општина Битола констатиравме дека има значителен број на возрасни полнолетни лица кои од различни причини не успеале да го оформат основното образование.

Проблемот се зголеми со зголемување на бројката на вратени азиланти кои поради престојот во странство го надминале временскиот период на возраст за вклучување во формалниот систем на образование.

Адресирајќи го проблемот до Министерството за образование и наука на Република Македонија ни беше сугерирано да дознаеме точна бројка како би се презеле соодветни мерки.

Тоа значи дека базата на податоци за полнолетни лица кои имаат неоформено основно образование е основа за преземање конкретни мерки и активности во соработка со локалната самоуправа и Министерството за образование на Република Македонија.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за регрантирање на Регионалната ромска образовна младинска асоцијација (РРОМА).