ОД ТЕКСТ ДО КНИГА
Согласно Статутот на Здружението за напредно современо образование Волвокс -Битола за унапредување и развој на можностите за ран детски развој, основно ,средно и високо образование и за издавање на едукативни материјали и текстови кои ќе служат за поддршка на обрзовниот процес во Република Македонија Здружението започнува со реализирање на идејата “Од текст до книга“ во која ќе бидат опфатени 11 текстови кои ќе бидат со едукативна содржина за работата со надарени и талентирани ученици како и практични примери почнувајќи од ран детски развој па се до високо образование. Овие статии ќе бидат објавувани на веб страната на Здружението еднаш неделно и во зависност од интересот со кои ќе бидат проследени истиот може да се зголеми.