Здружение за напредно современо образование

Волвокс - Битола

<< Назад

22 Април Ден на планетета Земја

Здружението за напредно современо образование ВОЛВОКС заедно со Центарот за ран детски развој СУМНАЛ во Битола и Биосфера – Центар за едукација, заштита на животната средина и природата, дадоа свој придонес кон одбележувањето на овој значаен ден.
Децата се придружија кон мотото „Дрвја за Планетата“. На интересен и креативен начин децата научија нешто повеќе за важноста на дрвјата за целокупниот екосистем на планетата земја и постоењето на животот каков што го познаваме преку процесите на фотосинтеза, одржувањето на рамнотежата на гасовите во воздухот,, заштитата од ерозија на почвата и опустинување.
Дрвјата не се важни само за луѓето туку и за другите растенија и животни – на некои давајќи им дом, на некои засолниште и сенка, на некои храна.
Голема благодарност за МЕГА ТВ што е пријател на децата, на животната средина и на Планетата Земја.