Здружение за напредно современо образование

Волвокс - Битола

<< Назад

Ден на дрвото

Здружението за напредно современо образование Волвокс Битола во соработка со Центарот за ран детски развој СУМНАЛ Битола го одбележаа Денот на дрвото со кратко предавање за значењето на шумите, поделбата на листопадни и зимзелени, како и за основните делови на растенијата корен ,стебло и листови. Исто така во дворот на Центарот за ран детски развој децата имаа можност да засадат зимзелени дрвја и да се запознаат со нивната важност.