Здружение за напредно современо образование

Волвокс - Битола

Здружението за напредно современо образование ВОЛВОКС ќе работи на подобрување на можностите и условите за ран детски развој, иновативни проекти во основното, средното и високото образование, образование за европската унија, работа со надарени и талентирани деца, доживотно учење и други аспекти на образовниот процес во Република Македонија и пошироко.

 
 

Цели на здружението се:

  •  унапредување и развој на можностите за ран детски развој, основно, средно и високо образование;
  •  да креира околина и можности за континуиран развој на децата од 3- 5 години;
  •  да спроведува проекти во функција на алтернативни форми и методи за ран детски развој, основно средно и високо образование со цел што е можно поголем опфат на ученици и нивно унапредување и осовременување;
  • соработка со институциите на локално ниво и искористување на локалните ресурси и потенцијали за ран детски развој, основно , средно и високо образование;
  • соработка со организации и институции на локално, национално и меѓународно ниво кои работат на проблематиката ран детски развој, основно, средно и високо образование;
  • да ги зајакне и усоврши капацитетите на наставниците за работа со учениците;
  • да работи во корист на учениците, да им помага на нивните родители и наставници за активно вклучување во образовниот процес;
  • размена на студенти и искористување на можностите од програмите на Европската Унија поврзани со студентите и унапредувањето на високото образование;
  • соработка со сите организации и институции во Европската Унија кои работат на полето на современо и напредно образование;
  • да работи на сензибилизација на пошироката јавност и сите вклучени во наставниот процес за постоењето на надарените и талентирани деца и ученици, препознавање на нивните потреби и поддршка и следење на проектите поврзани со нив;
  •  Активности за описменување и поддршка на процесот на образование на возрасни за завршување на задолжителното основно и средно образование.

 

 

ДРУГИ ЦЕЛИ, ЗАДАЧИ И АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

  • да организира научни денови, посета на музеи, посета на историски и научни локалитети, математички игри и други видови на воншколски активности (летни кампови, откривање на животот во шума, набљудување животни, откривање на растенија што растат во ливадите и шумите, проучување на однесувањето на животните, дебати на различни, квиз натпревари и други најразлични теми и активности за талентирани и надарени деца и ученици);
  • поттикнување на иницијативи, активности и реализација на проекти кои ќе го зголемат интересот на пошироката јавност за значењето на образованието од најрана возраст;
  • организирање и учество на симпозиуми, стручни советувања, тркалезни маси, предавања, изложби, презентации и други активности и манифестации со јавен карактер кои ќе придонесат за промоција на потребата за континуирано напредно и современо образование;
  • соработка со сите организации и институции кои се дел од процесот на образование во Република Македонија во Европската Унија;
  • заедничко дејствување со институциите на државата на локално, регионално и национално ниво;
  • издавачка дејност – книги во печатена форма прирачници и други печатени материјали во насока на современо и напредно образование, видео материјали, мултимедијални содржини и веб портали;
  • продукција на видео и други едукативни материјали кои ќе служат за поддршка на образованиот систем во Република Македонија;
  • организирање на настани, кампањи и специјални настани поврзани со напредно и современо образование;
  • соработка со слични организации и институции во земјата и странство;
  • придонес кон остварување интеграциска правда;
  • активности за самофинансирање на здружението согласно Законот за здруженија и фондации;
  • вклучување и организирање во сите други активности кои значат зајакнување на капацитетите за современо и напредно образование во Република Македонија.